ВМРО ДПМНЕ денеска упати јавна забелеѓка, на како што се наведува во соопштениетео, нехигиената во градот и состојбата низ охридските улици предизвикана од штрајкот во ЈП „Охридски Комуналец“. Партијата за хаосот, како што велат во ВМРО ДПМНЕ, го обвинува актуелното раководството на јавното комунално претпријатие и градските власти.
-Би сакале да ги потсетиме сегашниот директор на ЈП „Охридски Комуналец“ Боро Павлоски, како и поранешниот директор на претпријатието и сеуште актуелен градоначалник Александар Петрески дека имаме разбирање за изборната треска што ги фатила, но немаме разбирање за нивното потполно занемарување на работните обврски. Постојат многу причини – визуелни, ароматични, естетски зошто треба да си ја исполнат должноста и да го расчистат ѓубрето во кое потона Охрид, но пред се причината е општата хигиена и здравјето на граѓаните, стои во соопшетнието на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ – Охрид.
ВМРО ДПМНЕ забележува на нехигиената во градот












