Дозволете за момент да ви ги тргнеме розовите очила и да Ве прашаме што точно сте направиле со СДСМ за Охрид и туризмот во Охрид? Најпрво би сакале да слушнеме како патувавте до Охрид? Нели го видовте правиот пат Кичево-Охрид и нели истиот Ве потсети на вашето неработење? Дали го видовте пристапот до аеродромот во Охрид – првиот впечаток на туристите за нашиот балкански Ерусалим?, прашуваат од општинската ВМРО ДПМНЕ во врска со изјавата на претседателот на СДСМ, дадена при посетата на Охрид.

  • За потсетување е фактот дека и од Стопанската комора и од Здружението за угостителство и туризам се констатираа позитивните резултати што во изминатите 10 години го даде субвенционирањето воведено од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Вашата Влада наследи развиен туризам и ваша должност беше барем да го одржувате! А, што направивте вие и СДСМ? Ги нанижавте дивоградбите, донесовте живот за урбаната мафија која, само прашање на време е кога ќе ни го голтне УНЕСКО статусот! Не креиравте ниту една мерка за унапредување на квалитетот и содржината на туристичкиот производ. Сѐ уште лебди изработката на Стратегија за развој на туризам, а нема ништо ни од ветуваниот нов концепт за развивање и промоција на здравствениот, спортскиот, верскиот и конгресниот туризам, велат од ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews