Кој има поголем капацитет да го забрза патот на Македонија кон ЕУ? Кој може да помогне земјава да ги достигне европските стандарди во разни области? Дали Љубе Бошковски, осуден за незаконско финансирање на изборна кампања, човек кој повреди со огнено оружје новинари и гости на полициска вежба или професорот Хозе Караско од Кралскиот Универзитет „Хуан Карлос“ во Мадрид, Шпанија?, се наведува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
- Дали има поголем капацитет естрадниот менаџер Зоран Башановиќ, кого српските медиуми го опишуваат како измамник кој бил апсен во САД за кражби по продавници или Јанко Баждавела кој што живее и работи во Њујорк, а има специјализација на „Квинс“ Универзитетот во Белфаст, бизнис школата во Париз, а моментално работи во „Коркоран Груп“ на висока позиција, компанија мултинационална која што има годишен обрат со повеќе од 21 милијарда долари? Дали има поголем капацитет Силвио Аврамовски осудуван за вооружен инцидент или Проф. Д-р. Сашко Кедев, дописен член на Македонската Академија на Науките и Уметностите од 2015 година и визитинг професор на Универзитетот во САД, во државата Северна Каролина? Дали има поголем капацитет Филип Андов Сокол, познат, пријавуван насилник или Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова? Дали има поголем капацитет за политики во културата Цветанка Ласкова или Игор Дурловски?, се наведува меѓудругото во денешното соопштение на ВМРО ДПМНЕ.
Додаваат дека разликата е очигледна и е јасно, како што велат, зошто последните три години Македонија стагнира, не е ништо изградено, а бројот на сиромашни се зголемува.