ВМРО-ДПМНЕ започна со процес на подготовка на изборни програми за настап на локалните избори 2013 година.
-Локалните програми за општините, како и на минатите избори, ќе бидат прецизни со конкретни проекти, со конкретни рокови, средства и динамика за нивна реализација. Таквиот пристап при подготовката и реализацијата на програмите ВМРО-ДПМНЕ ја прави различна од сите други партии во Македонија, истакна министерот за здравство Никола Тодоров, на вчера одржаната прес-конференција.
Тој потенцираше дека програмите ќе бидат одраз на суштинските барања на граѓаните, чие мислење партијата сериозно ќе го земе предвид.
-Досегашната практика покажа дека предлозите и проектите на граѓаните се исклучително квалитетни. Дека граѓаните нудат идеи и решенија за нивните вистински потреби и приоритети. Дека она што го нудат е израз на нивните вистински потреби. Преку можноста тие да доставуваат предлози се покажува отвореност и слух за проблемите на граѓани. Граѓаните предлагаат она што навистина им треба, а ние сме тука тоа да го вметнеме во нашите програмски дејствувања и да го реализираме.-додаде Тодоров.