Зошто граѓаните на Охрид се препраќаат да извадат Уверение за државјанство на Република Македонија во други градови кога според живеалиштето тоа треба да го направат во СВР Охрид? – прашува опозциската ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните се изложени на дополнителен трошок да одат во Струга или Ресен наместо тоа да го направат на шалтерите во СВР Охрид. Зошто МВР им ја ускратува јавната услуга на граѓаните кога таа е регулирана со Закон за државјанството на Република Македонија? МВР ветуваше двосменско работење токму со цел да се излезе во пресрет на граѓаните но гледаме дека тоа воопшто не функционира. – се вели во партиската реакција.

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид апелира да не им се ускратуваат правата на граѓаните и како што можат да извршат фотографирање за лични карти, патни исправи и возачки дозволи како и нивно издавање во Охрид така и непречено граѓаните да може да поднесуваат барања и да им се издава Уверение за државјанство на Република Македонија.

OhridNews