ОК ВМРО ДПМЕ – Струга, денеска на прес конференција  ги отфрли  забелешките на партиите од албанскиот политички блок дека новосоздадената коалиција со СДСМ ќе ја подели мултиетничка Струга. Оттаму велат дека коалицијата е производ на непринципиелната политика која во изминатите осум години во Струга ја водел актуелниот градоначачник Рамиз Мерко.

-Коалицирањето во овој момент произлезе од непринципиелната политика која ја водеше Рамиз Мерко исклучиво на етничка основа. Можевте да видите дека Струга во изминатиот период наместо напред, со големи чекори одеше наназад, а сите проекти се реализираа врз етнички концепт. Ова беше барање на граѓаните на Струга да направиме коалиција која ќе работи за интересот на сите граѓани и не знам зашто се крена толку  голема прашина кога ваква коалиција помеѓу партиите на Албанците во Македонија со години многу добро функционира во Кичево.-изјави Лилјана Затуроска – ВМРО ДПМНЕ Струга.


Лилјана Затуроска

Кандидатот за градоначалник на Струга поддржан од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, д-р Владо Кочоски, смета дека Струга е политички зрела да избере кандидат за градоначалник кој нема да ги дели граѓаните по никакви основи, туку ќе работи во нивен интерес. Тој вели дека очекувал и без оваа коалиција да ја добие поддршката од сите граѓани на Струга, затоа што и тој нив им помагал секогаш кога им било потребно, најавувајќи дека таквиот принцип на работа ќе го задржи и доколку стане градоначалник.

-Јас сум хирург и во мојата досегашна служба сум работел со секаквиу луѓе без разлика на која партија или етникум и припаѓаат, дали се богати или сиромашни и јас ќе работам во тој стил и натаму.-изјави кандидатот за градоначалник д-р Владо Кочоски.


Д-р Владо Кочоски

Д-р Косчоски вели оти како во секоја мултиетничка општина и во Струга има одредени поделби, но смета дека луѓето созреваат и ја сфаќаат реалноста дека не треба да се делат. Заедничкиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ истакна дека тој има програма која содржи конкретни проекти за развој на градот и дека е подготвен во секое време да седне на заедничка маса со неговите противкандидатит да ги соочаат понудите, со цел граѓаните да можат да направат избор кој и како треба да ја води општината во следните четири години.

OhridNews