На таблата добредојдовте во Охрид од денес ве пречекуваат плакатите на Петрески, обвинија на денешната прес-конференција во општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Од партиската говорница тие запрашаа, дали таблата која  е поставена  од општината  е пренаменета во рекламен билборд и дали Петрески  ја купил со свои пари. 

„ На кој начин  Петрески го исполни сопственото ветување за времен мораториум за градба во централното подрачје и дали терминот времен за него  го означува времето  од прогласувањето  на неговата таканаречена  победа од првата  седница на неговиот совет кој веднаш  ја донесе одлуката  з атаканаречена дислокација на градската автобуска станица и изградба на станбени  згради на нејзиното место“, рече портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Јованчо Секулоски.


ВМРО ДПМНЕ презентираше фотографии

На денешната прес-конференција, беше спомената и изјавата на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески,  дадена на 20 февруари во дневен весник  во која тој го одобрува и постоењето јавни куќи.


„Дали Петрески и неговата партија, СДСМ,  го гледаат нашиот бисер и втoриот Ерусалим  како балкански центар на проституција“, запраша портпаролот Секулоски.

Ohridnews