ВМРО ДПМНМЕ освои рекорден број гласови на локални избори
08.04.13 07:00
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со вкупно 56 општини и во Градот Скопје. Во вториот изборен круг оваа коалиција победи во Скопје и во уште 16 други општини, соопшти на прес конференција премиерот и лидер на владејачката партија Никола Груевски. Тој посочи дека освоените 445 илјади гласови, речиси 40.000 повеќе од претходните локални избори, претставуваат историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
– На овие избори освоивме еден градоначалник повеќе. Ова е порака до сите нас дека со работа, труд, искрен однос и одговорност кон она што се работи може да се продолжи со успеси. Ако се одржи зборот што го давате, се направат резултати и се исполнат ветувањата и доколку се има искрен однос кон народот, граѓаните знаат да го ценат тоа и да го наградат трудот на тој што дава се што е во негова моќ, истакна Груевски.
Груевски изборите ги оцени како слободни и демократски на кои, како што рече, победиле делата и остварените ветувања.
Туристичката понуда на Македонија е претставена на јубилејното, 60-то издание на најголемиот меѓународен саем за туризам „ITB Berlin“, што од денеска до 5 март 2026 година се одржува во Берлин, Гер...
Коалиција на младински организации СЕГА, во рамки на Програмата на Младински Центар Охрид 2025–2026 (финансирана од Општина Охрид), распишува анонимен, национален, едностепен конкурс за изработка н...
Матноста на водата во изворот Шум и водоводната мрежа во Струга е во граница на нормалата покажуваат денешните анализи на примероците од вода спроведени од Центарот за јавно здравје – Охрид С...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.