На обвинувањето од ВМРО ДПМНЕ нема да одговорам, затоа што тоа се лаги и измислици од партија која е во паника. Вака кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, ги коментираше обвинувањата од таборот на неговиот противкандидат, кој изнесе наводи за сомнителна купопродажба на станови во која е инволвирана и општината.

Со такви  ниски работи се занимаваат сaамо тие кои се во паника. Со тие коментари што ги даваат на нивните прес конференции, се занимаваат луѓе кои се во паника и луѓе кои го прават тоа. Јас на такви ниски работи нема да се осврнувам. Доколку е тоа така тие нема тоа да го кажуваат на прес, тука им е Гордана Јанкулоска ќе реагираа веднаш, така да ништо од тоа не е точно и нема да одговарам на ниски работи“, рече Петрески.

Ohridnews