
-Наместо преку државните институции владеачката партија да им служи на граѓаните, таа власта ја користи за целосна контрола на мислите и зборовите како и најстрого цензурирање на медиумите. Доказ за тоа е секојдневниот притисок и контролата кој Советот за радиодифузија го наметнува врз медиумите. ВМРО- Народна Партија дава целосна подршка на ЗНМ во остварување на своите барања, стои во соопштението.
Партијата бара од власта да престане да врши притисоции врз медиумите и новинарите и целосно да се посвети на креирање на политики за подобрување на животниот стандард на граѓаните на Република Македонија.












