Општинската ВМРО – Народна партија ја повикува Локалната самоуправа под итно да преземе мерки за средување на состојбата во градинките.
– Состојбата според медиумските извештаи, но и според граѓаните кои реагираат, станува неподнослива.Најсериозна е ситуацијата во јаслите на градинките каде децата се помали од две години и на кои им е потребна поголема нега и хигиена, а според најновите информации една негувателка мора да се грижи и за по 15 деца, велат од ВМРО- НП.
Оттаму, го повикуваат градоначалникот Никола Бакрачески лично да се запознае со ситуацијата во градинките и со тоа колкави се реалните потреби за вработување на стручен кадар за нега и воспитување на децата. Согласно тоа, да се преземат мерки- да се добие согласност од ресорното министерство за да се примат нови вработени на испразнетите места.











