ВМРО – Народна партија апелира да престанат политичките игри околу нацрт деталните урбанистички планови и да има една широка јавна дебата во која ќе учествуваат претставници на локалната самоуправа, директорот на Управата за заштита на културното наследство, директорот на Завод и музеј Охрид како и експерти и граѓани на Охрид.

 Поради сите нејаснотии во јавноста, ВМРО – Народна партија гласаше воздржано на претходната седница на Советот на Општна Охрид и смета дека само со една широка јавна расправа ќе се расчистат сите дилеми. Воедно сакаме да ја повикаме владеjачката ДПМНЕ да престане да собира ситни политички поени, додека истовремено го уништува Охрид на економски план. Ги повикуваме Пановски и ДПМНЕ да погледнат во нивните надлежности и нивната работа и принципиелно да одговорат. Секретаријатот за заштита на Охридското езеро и Хидробилошкот завод и нивните “стручњаци” да одговорат за поморот на плашицата во каналот Студенчишта, како надлежни институции за тој проблем. Исто така бараме владеjачката ДПМНЕ принципиелно и со аргументи да одговори што конкретно е направено со проектите за еколошка заштита на Охридското езеро кои чинеа над 7 милиони долари?!  , стои во реакцијата од општинската ВМРО- Народна партија.

OhridNews