ВМРО – Народна партија го поздравува залагањето за одбележување на стогодишнината од Охридското востание.
Како што стои во соопштението од ВМРО-НП, партијата посебна благодарност упатува до младите ентузијасти Никола Митровиќ и Илија Пиперкоски, кои како финален производ ќе го прикажат филмот за ова востание.
„За потсетување, на иницијатива на советниците на ВМРО – Народна партија во Советот на општина Охрид, годишнината на Охридското востание од оваа година е дел од календарот на празници што ги чествува Охрид и официјално ќе се прославува. Од Локаната самоуправа побаравме да се уреди просторот околу спомеников во Велгошти, каде пригодно ќе се обележи споменот на загинатите во ова востание. Заедно со Тиквешкото востание, побаравме да се одбележува и на централно ниво. Прашањата околу овие востанија мора да се отворат. Вистината на историјата мора сите да ја знаеме. ВМРО – Народна партија секогаш е на страна на вистината. Некои историски неправди мора да се споменуваат како показател кон иднината. Тие ќе ни го осветлуваат патот и ќе ни бидат пример како се сака својата татковина.“ – стои во соопштението.
OhridNews