Од општинската ВМРО-НП  укажуваат  на опасноста од евентуалното зголемување на водостојот на Охридското Езеро и негативните последици до кои би дошло, повикуваќи ги надлежните институции превентивно да реагираат.

– Нивото на езерото е за 8 сантиметри над максимално дозволеното ниво. За очекување е дека во наредниот период нивото на езерото уште повеќе  ќе се зголемува, земајќи го во предвид топењето на снегот од околните планини и новите врнежи од дожд. Работите ги усложнува и несоодветното управување со водостојот на Охридското езеро, како хидроакумулација од страна на ЕЛЕМ. Со цел да се акумулира што повеќе вода во езерото како хидроенергетски потенцијал ЕЛЕМ неоправдано го држеше високо нивото на езерото од месец септември до месец јануари. Сега ни се случува нивото на езерото да се зголемува односно дотекот на водите е поголем од истекот преку реката  Црн Дрим.  Последиците од таквото лошо менаџирање со езерото  може да педизвикаат штети    на обработливото земоделско земјиште, претпријатијата, патиштата, сообраќајниците и воопшто на животната средина.  Зголеменото ниво на езерото по принципот на сврзани садови доведува и до зголемување на нивото на подземните води кои пак може да поплават  подруми и други приземни простории, велат од ВМРО- НП. 

Оттаму додаваат дека зголеменото ниво на езерото  ја нарушува  и работата на колекторскиот систем, а со тоа и  работата на секундарната канализациона мрежа.

– Високото ниво на подземните води доведува до откажување на пумпите во препумните станици на фекалната канализациона мрежа заради нивното непрекинато работење. Заради високото ниво на езерото просто е невозможно службите за водоснабдување да ги острануваат дефектите на водоводната мрежа која минува покрај брегот на езерото. Не е доволно ние како граѓани да си ги измируваме обврските према према ЕЛЕМ, туку и повратно ЕЛЕМ од своја страна треба домаќински и одговорно да стопанисува со државното богатство кое  им е отстапено на користење. Должност на ЕЛЕМ и на Владата на Република Македонија е превентивно  да ги чистат и одржуваат речните корита на Црни Дрим и Сатеска, но и на другите реки во ова сливно подрачје, потенцираат од ВМРО-НП.
  
Сметаат дека ако во септември се исчистело и уредело коритото на Црни Дрим на потегот од браната до централата Глобочица, тогаш преку преливот на браната можело да се испуштат и поголеми количини на вода. Ги повикуваат ЕЛЕМ и Владата под итно да го уредат старото речно корито на река Сатеска на потегот од село Волино, па се до вливот во Црни Дрим.

OhridNews