Од општинската ВМРО- Народна партија со обвинувања до ВМРО-ДПМНЕ за непринципиелност, како што велат, поради побивање на изјавите кои биле давани во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ била опозиција.
– Деновиве слушаме како Охрид ќе добиел нов современ градски пазар. ЈП „Градски Пазар“ објави конкурс за изработка на физибилити студија за инвестирање по пат на јавно – приватно партнерство. Исто така паркинг просторот за потребите на пазарџиите и купувачите ќе бил обезбеден со изградба на катна гаража која исто, треба да се реализира по пат на јавно – приватно партнерство. За сите тие проекти кои ги најавуваат ги охрабруваме да ги остварат. Но, само за информација, кога т.н. движење беше во опозиција жестоко се спротивставуваше на изградбата на ваквите објекти со јавно – приватно партнерство. Не помина многу време откако советниците олицетворени во душегрижници за Охрид на говорницата во советот жестоко реагираа дека ваквите јавни објекти се мали објекти во однос на инвестициите и мора Локалната самоуправа сама да ги изгради и да управува со нив, а да не бидат цел на приватизација, велат од ВМРО-НП.
Оттаму, потенцираат дека не се против изградбата на вакви објекти, но како што велат, сакаат да укажат на непринципиелноста.
OhridNews