Од општинската ВМРО- Народна партија ја повикуваат локалната самоуправа да ги искористи идеите на формираниот Совет на градски татковци во кој членуваат успешни и искусни бизнисмени, образовани луѓе кои се докажале во својата професија.

– Откако новата власт во Локалната самоуправа го презеде раководењето со Општината, една од првите активности беше формирањето на Советот.  Основната цел на ова тело беше да помага во развојот на Охрид и во привлекувањето инвестиции. Јавноста, до денес, не е запознаена  дали ова тело воопшто функционира, дали се состанува, дали работи за остварување на целта за која беше формирано или сето тоа беше само уште еден маркетиншки трик, велат од ВМРО- НП.

Како што додаваат од партијата, кога веќе постои ова тело, добро е локалната самоуправа и ДПМНЕ да ги искористат идеите и предлозите на членовите на советот.

OhridNews