Оттаму, ја повикуваат охридската јавност јасно да се спротистави на девалвирањето на угледот на младите доктори и нарушување на човечките односи помеѓу младите интелектуалци при неодамнешните конкурси во Општата болница и во специјалната болница “Св. Еразмо” преку нивно селектирање со тестови чие полагање, како што велат од ВМРО- Народна партија, во никој случај не го одразува квалитетот и знаењето на младите доктори.
– ВМРО – Народна партија енергично се залага за отвореност на јавните институции за сите кадри без оглед на која политичка, верска или национална ориентација им припаѓаат, потенцираат од оваа партија.
ВМРО – Народна партија ќе поднесе иницијатива за правни санкции против менаџерите кои ги дискриминираат младите по било која основа, а како што додаваат, на сите следни конкурси на кои се најавуваат нови вработувања на партиските војници од ДПМНЕ, ќе реагираат најостро и ќе се обидат да не дозволат партизација на здравството, туку професионални кадри да се грижат за здравјето на граѓаните.