ВМРО – Народна партија, го повикува ЈП „Билјанини извори“ да ја почитува одлуката на Советот на општина Охрид, донесена за наплата на паркинг просторите од 16.07.2008 година и измените на таа одлука од 29.06.2009 година. Како што потенцираат од ВМРО- НП, според одлуката, во централното градско подрачје, цената за наплата треба да изнесува 30 денари за еден час и 10 денари за секој нареден час користење на паркинг просторот во сезона, а во периодот надвор од сезона, цената според таа одлука треба да изнесува 20 денари за еден час.

– Зошто ЈП „Билјанини извори“ го прави истото што и претходниот концесионер, односно не ги почитува одлуките на Советот на општина Охрид?! Се додека Советот не донесе нова одлука, оваа одлука е во сила. Не може Управниот одбор на ова јавно претпријатие да се стави над Советот. Ова е класичен пример на непочитување на законот и институциите. Како за претходниот концесионер, така и сега, но и во иднина ќе реагираме на се што е спротивно на законот, велат од ВМРО-НП.

OhridNews