– Што се однесува до листата за советници сакаме јавно да ги запрашаме, дали е се во ред со нивната листа. Посебно очекуваме одговор на ова прашање да дадат претседателот на општинскиот комитет Атанаско Михаилов и претседателката на унијата на жени. Дали вашето членство е мирно со тоа што листата што се правеше по месни комитети заврши во некоја од корпите за ѓубре во центрлата на ДПМНЕ во Скопје, а официјалната листа им ја пуштија по факс, составена со осумдесет проценти луѓе кои пред извесно време беа трет ешалон во СДСМ, прашуваат од ВМРО-НП.
Што се однесува до затворениот базен, како што велат од ВМРО-НП, сакаат да потсетат дека на сите избори до сега, се дава истото ветување.
– Сите добро се сеќаваме на последното, кога директорот на Агенцијата за млади и спорт пред нецела година кажа дека во септември ќе започне со изградбата на затворениот базен. Сеуште немаат мрднато со прст. Можеби затоа што тој не прецизираше точно кој септември, додаваат од ВМРО- НП.
Од партијаата со порака до граѓаните дека Охрид и понатаму ќе се развива со успешна локална самоуправа.