Граѓаните со право укажуваат на поврзаност на централната и локалната власт за заедничките интереси од областа на урбанизмот, истакна носителот на советничката листа на ВМРО НП, Јоне Станкоски на денешната прес конференција.
-По последните случувања околу измените на урбанистичкиот план во потегот на СРЦ „Билјани извори“ и уништувањето на најголемиот спортски комплекс во РМ, граѓаните се загрижени и укажваат на влијание од страна на моќници во уништувањето на уште еден дел од охридското крајбрежје -потегот околу каналот на Билјанините извори, рече Станкоски.

Станкоски истакна дека ВМРО НП и кандидатие за советници како и кандидатот за градоначалник се залагаат за зачувување на овај простор со проширување на содржини, но кои ќе бидат сосем поразлични од планираните. Поради тоа, рече Станкоски, ВМРО НП ќе иницира промена на Генералниот урбаниситички план во делот на СРЦ „Биллјани Извори“, каналот и потегот кај Студенчишкото блато. Исто така ќе побараме дислокација на полицијата и АРМ на кои никако не им е местото во тој дел, посебно ако сакаме Охрид да прерасне во туристички центар, додаде Станкоски.
-На нивно место, на тој простор треба да биде лоцирана Федерацијата за водени спортови каде свое место ќе најдат сите спортови на вода како и наутиката. Со тоа ќе се каже стоп на еколошкото уништување и урбанизација на крајбрежјето, рече Станкоски.
Билјанини Извори се најголемиот снабдувач со чиста вода на езерото и затоа треба да го заштитиме тој простор без кој не можеме да развивеме туризам, истакна Станкоски.










