Зошто владата се уште не носи решенија за шесте илјади апликации за пензија согласно неодамна донесениот Закон за стечајци прашува ВМРО НП. На денеска одржаната прес конференција во Охрид, оваа партија обвини дека владата на ВМРО ДПМНЕ манипулира со оваа категорија граѓани и намерно ги држи во неизвесност со намера да ги употреби изманипулира во изборни цели.
–Со овој закон, требаше да бидат опфатени преку 6.000 граѓани и толку се пријавија после огласот, меѓутоа зошто Владата веќе два – три месеци не носи решенија. Кои фирми се опфатени со овој закон? Не се илјадиници, туку се работи за дваесеттина фирми кои Владата ги знае, а се уште никаде ги немаме кои ќе бидат опфатени со овој закон. Мислиме дека ова е уште еден предизборен трик, односно целта е овие 6.000 граѓани да се држат во неизвесност до избори и да ги притиснат да гласаат за нив, а после избори само 10 до 20 % ќе бидат опфатени со овој закон. – велат од ВМРО НП – Охрид.
Оттаму посочуваат дека на локално ниво, преку 700 работници се пријавени за да се опфатат со овој закон, меѓутоа не се знае за кои фирми или ДООЕЛ-и од фирми тој ќе важи.
– Според нашите сознанија, од 700 пријавени опфатени можат да бидат само 60 до 70 работници. За да ја видиме искреноста на Владата, ја повикуваме пред избори да кажат кои фирми ќе бидат опфатени со овој закон, колку луѓе ќе бидат опфатени реално и да им се издаде решение дека се опфатени со законот. – бара ВМРО НП.
OhridNews
Околу 700 стечајци од Охрид поднеле барања за материјално обезбедување