Од ВМРО – Народна партија изразуваат сериозна загриженост за иднината на Слатинско езеро, чија состојба деновиве се оценува како катастрофална.

– Поради негрижата на надлежните институции и концесионерот, флората и фауната се пред изумирање. Нивото на водата во езерото од девет метри е намалено на само еден метар. Состојбата е алармантна и затоа апелираме до сите надлежни институции, во најкраток можен рок, да го санираат процепот на браната од каде што истекува водата и да го спасат Слатинското Езеро, велат од ВМРО- НП.

Оттаму додаваат дека државата, која засега покажува целосна незаинтересираност за проблемот, е таа која најмногу треба да ги штити природните убавини од еколошки катастрофи.

OhridNews