„Се вршат невидени притисоци врз  кандидатите- членови на ВМРО-Народна партија и не се избираат средства за да се намали нашето влијание на политичката сцена“, изјави денеска во Охрид, лидерот на ВМРО-Народна партија, Марјан Додовски.

Додовски подвлече дека оваа партија е единствениот противник на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори која, како што рече, ќе се бори против силниот противник, СДСМ.

„ВМРО – Народна е десноориентирна партија која знае и умее да ја води оваа држава. Владејачката гарнитура ги врши притисоците и преку вработените во јавната администрација, кои се обврзани да направат списоци со по 20 граѓани кои ќе гласаат за ДПМНЕ, зашто во спротивно ќе го изгубат работното место“, додаде лидерот на ВМРО-НП.  Додовски изрази надеж дека Антукорупциска комисија ќе си го одработи своето и ќе ги провери жиро-сметките на политичките партии по изборите.

Кандидатот за градоначалник од оваа партија, Томе Гиноски рече дека ВМРО-Народна партија е совеста на Охрид и Македонија. „90 проценти од локалните медиуми се покриени со  ДПМНЕ, пратениците делат флаери за кандидатот за градоначалник кој беше и наш кандидат, а мојата семејна зграда беше  уништена“, изјави Гиноски и упати апел до полицијата да ги открие сторителите на вандалскиот чин и да преземе соодветни мерки против нив. 


„Нека кажат граѓаните што е направено во Охрид после Плаошник, кога ние бевме на власт. Нашата политика е јасна, не имаше и во охридскиот совет во изминатиот мандат и граѓаните знаат дека секогаш бевме на нивната  страна“, рече Марјан Додовски и потсети дека ВМРО-НП, на овие локални избори излегува со свои кандидати во 40 опптини и во градот Скопје.

Ohridnews