– Го прашуваме т.н. премиер и неговата партија зошто вчера, пред граѓаните на Охрид, не се изјасни за новонастанатата ситуација и зошто не им објасни на граѓаните како ќе ги изградат тие објекти. Ќе објаснат ли Груевски и фамилијата пред граѓаните на Република Македонија, кој е всушност Субрата Рој и што се крие зад неговата т.н. инвестиција. Ќе објаснат ли дали е извршена трансакција за хотелот Славија кој наводно го купи индиецот. Исто такво големо инвестирање, Груевски најави пред минатите парламентарни избори, кога во Охрид требаше да се изгради луксузен хотел од синџирот „Хилтон“. Тогаш, Советот на Општина Охрид експресно ги измена урбанистичките планови, мислејќи дека Груевски е искрен. До денес, никој ниту видел ниту слушнал за таков хотел, велат од ВМРО-НП.
Оттаму со потсетување до премиерот и владата дека охриѓани сеуште чекаат на изградбата на автопат до Охрид, на затворениот базен, на поврзување на Охрид со железничкиот сообраќај, некоја мала странска инвестиција, како што велат од ВМРО-НП, за која барајќи ја, Владата троши огромни суми народни пари.
– Со сите овие ветувања, кои изминативе седум години ги даде ДПМНЕ и Груевски за Охрид, внесени во програмата, сакаат да поминат и на овие локални избори. Зарем не им стана јасно дека граѓаните на Охрид одамна ја препознаа нивната неискреност и дека многу години наназад не можат да победат во Охрид. Така ќе биде и уште многу години од сега. Кога ќе имате барем трошка искреност кон граѓаните во ветувањата за Охрид, само тогаш можете да се надевате на некој добар резултат на избори, било парламентарни, било локални, додаваат од општинската ВМРО- НП.