ВМРО НП го критикува градоначалникот Бакрачески за отчетот за сработеното во неговиот досегашен мандат, како и идејата за тоа јавноста да ја запознае преку брошура, која според оваа партија претставува предизборна активност на ВМРО ДПМНЕ.

-За жал, во отчетот на Бакрачески најчесто споменуван збор е зборот „ќе“. Отчет не се пишува за тоа што ќе сработите и што ќе направите, туку што сте направиле до сега. Доколку ја согледаме вистината, Бакрачески ништо не направи откако ја превзеде власта во Охрид. “Отчетот“ кој го промовира е добар само од графички дизајн. Единственото нешто што го создаде Бакрачески во овој период е гневот и омразата кај охриѓани. Со бркањето сограѓани од работа и вработување на други послушници на режимот тој само создаде желба за освета кај граѓаните која ќе не врати многу назад.-стои во соопштението на ВМРО НП.

Партјата го критикува градоначлникот за честите отсуства и неговите политики во областа на урбанизмот и образованието и управувањето со локалната сампуправа обвинувајќи дека во отчетот нема ништо од ветените проекти.

OhridNews