– Од населбата Рача до населбата Св. Стефан, околу патот и помеѓу коловозите во двете насоки, висината на тревата веќе се мери со метри. Со тоа се загрозува безбедноста, не само на возачите на автомобилите, туку и на пешаците кои во тој дел го користат патот за премин од една на друга страна. Тоа е пат кој води до сите плажи во Охрид, каде поминуваат сите туристи кои доаѓаат во Охрид, и оние кои проаѓаат низ Македонија и се упатуваат кон Република Албанија, велат од ВМРО-НП.
Од оваа партија со апел до државното јавно претпријатие “Македонија пат”, но и до општинскиот комитет на ДПМНЕ во Охрид и кадрите кои ги има поставено во тоа јавно претпријатие, во најбрз можен рок да се среди тој дел од патот, но и постојано да се одржува.
– Владата на Љубчо Георгиевски го изгради тој пат, каде хаосот во сообраќајот кој се правеше комплетно исчезна. Сега кога вие сте на власт, од вас се бара само да го одржувате. Се надеваме дека барем за тоа сте способни, додаваат од општинската ВМРО- Народна партија.