
– Тоа значи обезбедување егзистенција на тие семејства. Она што сакаме да го потенцираме е дека не смеат да бидат избркани оние граѓани кои со години работат во тие институции. Кроењето на новите систематизации во никој случај не смее да претставува политички реваншизам врз неистомислениците, отпуштање од работа и вработување партиски војници на движењето ДПМНЕ на нивно место, велат од ВМРО- НП.
Доколку дојде до тоа, од ВМРО – Народна партија најавуваат дека остро ќе се спротистават на таквите политики и ќе ги искористи сите демократски средства за спречување на реваншизмот. Потенцираат дека би ги известиле сите релевантни институции, претставништва на странските држави во Република Македонија, претставниците на Европската Унија и ОБСЕ.
OhridNews











