Од ВМРО- Народна партија со поддршка на градоначалникот Никола Бакрачески во врска со најавите за реконструкција на Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“.

– Целосно го поддржуваме градоначалникот Бакрачески во намерата за развојот на спортот. Нашите заложби за спортот секогаш биле едни од најприоритетните. Колку за потсетување, ВМРО – Народна партија беше единствената партија во Советот на општина Охрид која гласаше против деталниот урбанистички план со кој на спортските терени се дозволи изградба на станбени објекти. Тогаш, и ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ гласаа за овој урбанистички план со што дозволија да се уништи зелената површина и помошните спортски игралишта во СРЦ “Билјанини Извори“. Слично беше и со планот за просторот кај Детската болница, велат од ВМРО- НП.

Од партијата со надеж дека најавите нема да бидат само празни ветувања.

– Сите знаеме од кога е најавуван затворениот базен од страна на Владата, но ништо од сето тоа. Директорот на Агенцијата за млади и спорт веќе неколку години најавува дека изградбата ќе почне во септември, но изгледа ја згрешил годината, велат од ВМРО- НП.

OhridNews