ВМРО НП сеуште нама донесено одлука кој од двајцата кандидати за градоначалник на Охрид, ќе поддржи во вториот изборен круг.

На ненадејно закажаната прес конференција, вечерва во Охрид, лидерот на ВМРО НП, Марјан Додовски, кажа дека партиските органи во корелација со општинскиот комитет во наредните денови ќе донесат одлука кому ќе му биде дадена поддршката на 5-ти април.

И додека за Охрид “народњаците“ се двоумат, во Струга нивната поддршка оди за кандидатот на ПЕИ, Фијат Цаноски. Додовски од Охрид ги повика сите гласачи од македонскиот политички блок во Струга својата поддршка во вториот круг од локалните избори да ја дадат на кандидатот на ПЕИ, Фијат Цаноски.

Ohridnews