Општинската Вмро- Народна партија со предлог проект за енергетска независност на општина Охрид,на јавните претпријатија,основните и средни училишта,како и градинките на подрачјето на општината.

– Целта на овој проект е да се постават фотоволтични електрични централи на просторите кој ги поседуваат јавните претпријатија,училиштата и градинките во Охрид,а со цел на намалување на трошоците кој призлегуваат од работата на истите како и создавање на профит во наредниот период.Трендот на употрба на енергија од  обновливи  извори на енергија е во голем подем низ земјите на Европската унија и пошироко,бидејки се работи за еколошка чиста енергија и со ниска цена на чинење во периодот за кој е предвиден да трае проектот, објаснува претседателот на ОК на ВМРО-НП, Ванчо Костоски.

Основни услови потребни за реализација на проектот е добивање дозволи за изградба на вакви централи што ги издаваат соодветни комисии на владата на Р.М, поседување на земјиште или друга локација(покривна конструкција)каде треба да се постават панелите и самата набавка на фотовалтични панели.

– Бидејќи јавните претпријатија,училиштата и градинките се сопственици или корисници на земјиштето,трошоците по однос на ставката околу тоа каде ќе се постават панелите е исполнета. Посериозни материјални трошоци се предвидени за набавка на фотовалтични панели кои заедно со соодветни инвентори и монтажа би чинеле околу 0,75 евра по 1w произведена енергија. Изработката на елаборат би чинел 3000-4000 евра, ќе се поставуваат на бесплатно земјиште што го поседува локалната самоуправа го поседува. Вкупните трошоци за една ваква централа во овој случај би чинела околу 36 000 евра, вели Костоски.

Претседателот на на ОК на ВМРО-НП потенцира дека ако локалната самоуправа нема средства за отпочнување  на ваков проект, останува опцијата да се пристапи кон отпочнување на постапка за јавно приватно партнерство со што проектот би се реализирал без трошоци.

Предлог проектот во писмена форма ќе биде доставен до локалната самоуправа.

Т.К.