ВМРО – Народна партија не е против донесувањето на урбанистички планови, велат од ВМРО-НП одговарајќи на реакцијата од локалната самоуправа по нивниот испратен допис околу донесените урбанистички решенија на последно одржаната седница на советот на општина Охрид.
– Ние само ги повторивме оние зборови кои ДПМНЕ осум години преку своите гласноговорници го кажуваа секојдневно. Само упативме прашање до големите душегрижници за Охрид, дали останале на своите ставови. Тоа беа зборови на ДПМНЕ, велат од ВМРО-НП.
Оттаму додаваат дека доколку сакале некаков колач изминатите седум години ќе биделе во ДПМНЕ.
– Богато ќе се нахраневме и немаше да ни биде важна никаква идеологија. Делењето колачи е идеологија на денешното најголемо движење во регионот и пошироко. А гледаме дека локалците од тоа движење брзо учат од своите ментори на централно ниво, додаваат од ВМРО-НП.
OhridNews