– Низ овој национален парк поминува регионален пат кој го користат граѓаните и со кој се поврзани Охрид и Ресен. Сметаме дека овој патен правец треба да е слободен за сите граѓани кои поминуваат по него, велат од ВМРО- НП.
Од партијата со реакција и за одлуката да се наплаќаат давачки за оние кои собираат печурки. Потенцираат дека со оваа одлука, Владата дирекно удира врз еден од најсиромашните слоеви кај граѓаните кои сега ќе се спречени да ја извршуваат единствената активност од која преживуваат.
– Доволно е со давачки, доволно е со собирање пари од граѓаните кои потоа се злоупотребуваат. Апрелираме Владата да престане со грабежот врз граѓаните. Доколу сака да има што повеќе средства во буџетот, нека размисли како ги троши парите, дали ќе гради споменици и ќе прави прескапи реклами или ќе ги инвестира во подобрување на животот во Република Македонија, додаваат од ВМРО- НП.