ВМРО Народна партија реагира на најавите на Владата за реконструкција на зградата на МЕПСО во Скопје, цо барокен стил, што според оваа партија претставува пример за недомаќинско однесување.
-Оваа гранитура на власт, трошејќи ги народнмите пари недомаќински, заборави дека цели региони кои се дел од територијата на нашата држава , цели недели остануваат без струја. Сакаме да ги потсетиме челниците на ДПМНЕ и на оваа ненародна власт дека, пред не толку одамна, цела Дебарца 14 дена беше без струја, 14 дена граѓаните не можеа нормално да ги да ги изврушваат своите функции и беа отсечени од светот. Тие луѓе се граѓани на оваа држава, власта ги претставува и нив.
-стои во реакцијата.
Според ВМРО НП, Владата треба да има приоритети, односно треба прво да ги обезбеди основните потреби на граѓаните, а дури потоа ако се покаже како успешна да гради нешто повеќе. „За жал, еве веќе седум години тоа никако да го докаже, туку напротив, секојдневно ги задолжува граѓаните со една единствена цел, што поголем процент на рајтингот на ДПМНЕ“-се вели во соопштението на ВМРО – Народна партија, Општински комитет – Охрид.