ВМРО – Народна партија во случајот со градбите кај манастирот Св. Наум целосно застанува зад страната на црквата. Градбите што се изградени во тој комплекс после многу години му го дадоа вистинскиот лик на тој простор, сметаат од оваа партија.

„Како демохристијанска партија, ја повикуваме владеачката ДПМНЕ, Локалната самоуправа и централната власт која исто така се декларира како демохристијанска партија да не ни помислува за некакво рушење на објекти во манастирскиот комплекс. Иако многу џамии низ државата кои се изградени во последниов период се диво градби никој не се осмелил ни да побара некаква документација, некој сака да се дрзне и да руши објекти во сопственост на црквата.

Не ни сакаме да помислиме дека сето ова е притисок заради последните случувања со Субрата Рој и противењето на црквата на нејзиниот имот наводно да се градат некакви си приватни луксузни комплекси. Се надеваме дека власта ќе донесе разумна одлука и нема да оди против волјата на својот народ.“ – стои во соопштението на ВМРО НП.

OhridNews

Уредувањето на манастирскиот комплекс во Св. Наум црквата ќе мора да го усогласи со законските прописи