Вчера, Никола Груевски и неговите соработници се дрзнаа да отворат спортска сала во Велгошти, која ја реконструираа, а беше изградена од страна на владата на Љубчо Георгиевски, која патем, најправи и најмногу проекти за Охрид, стои во реакцијата на ВМРО- Народна партија во врска со свеченото отворање на спортската сала во Велгошти.

– ДПМНЕ еднаш засекогаш да престане со дволичноста во однос на Охрид. Доколу ја сака довербата од граѓаните во Охрид, треба прво нешто да направи за Охрид. До сега ДПМНЕ не направи ништо за Охрид, па нема што да бара и на овие избори во Охрид, велат од ВМРО- НП.

Како што велат од партијата, сакаат да потсетат дека владата на Љубчо Георгиевски го има изградено Плаошник, Античкиот театар, ја има реконструирано Самоиловата тврдина, го има изградено патот до св. Стефан и уште многу други проекти.

– Наспроти неа, владата на Груевски не ги исполни своите ветувања пред граѓаните со кои излегува во сите изборни програми на сите изборни циклуси уште од 2006 година. Не го изгради автопатот до Охрид, не донесе инвестиција од синџирот хотели Хилтон, не изгради затворен базен и спортски игралишта. Со еден збор, не направи ништо за Охрид, а цело време сака да ја кочи работата на Локалната самоуправа, стои во реакцијата од ВМРО- НП.

OhridNews