Директорот на ЕМО, Коста Димитров, со плата каква што ја зема, слободно може да биде премиер а државава“, рече на денешната прес-конференција, претседателот на ВМРО-Народна партија, Ванчо Костоски.
Костоски додаде дека состојбата во поранешниот гигант не е таква каква што ја прикажува актуелната власт. Во времето на Љубчо Георгиевски, од 2000 до 2002 година, платите беа многу повисоки и редовни, бодовите беа исто така високи. Сега платите се движат од 6 до 11 илјади денари и вработените не ги добиваат редовно како што се најавува. Поголемиот дел од вработените се на 70 проценти плата,а месечното производство во погоните е еднакво на она што некогаш се произведуваше за само еден ден, рече Костоски.Тој обвини дека работниците во ЕМО се приморани да прават списоци со по 25 нивни роднини кои ќе гласаат за актуелната власт .
Според Костоски, политичката гарнитура која е на власт во последниве две-три години нема ништо направено за Охрид.На денешната прес-конференција Костоски потсети дека ДПМНЕ и коалиционите партнери не ги исполниле ниту дадените верувања, меѓу кои, како што рече, се изградба на игралиште во Лескоец, изградба на фабрика за автоделови и покривање на базенот во Охрид.
Од говорницата на ВМРО-Народна партија, Ванчо Костоски, за потпишувањето на декларацијата за соработка помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, рече дека ВМРО-ДПМНЕ си ги нашла вистинскиот партнер.
Ohridnews











