Од општинската ВМРО- Народна партија ја поздравуваат неодамна одржаната средба на градоначалникот Никола Бакрачески со жителите на урбаната заедница Радојца Новичиќ, но со забелешка за присуството на актуелниот претседател на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.

– Сакаме да дознаеме, во кое својство во рамки на таа посета беше Михаилов, ако знаеме дека делегацијата ја претставуваше локалната самоуправа. Дали господинот Михаилов е нововработен во општината, бидејќи како што знаеме не успеа да стане член на советот на општина Охрид. Доколку е така, му честитаме на неговото ново работно место, велат од ВМРО-НП.

Оттаму, додаваат дека ваквите средби во иднина треба да бидат почести, но на нив да учествуваат само компетентни личности, доколку делегациите се во име на општина Охрид.

– Лица кои немаат никаков допир со локалната самоуправа, да си ја вршат својата работа во општеството, велат од ВМРО-НП.

OhridNews