Општинскиот комитет на ВМРО НП  – Охрид, во вториот круг од локалните избори ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на ВМРО   ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче.

Програмата на Кирил Трендафилов – Нанче е најприфатлива за нашата политичка опција, рече претседателот на ОК ВМРО НП, Ванчо Костоски, при денешната средба со Нанче.

Кандидатот за градоначалник, Трендафилов, се заблагодари за поддршката и рече дека со помош на сите граѓани со еден мандат ќе реализира многу проекти кои се од витално значење за Охрид.


На Охрид му е потребен чесен градоначалник, а него, мислам дека ќе го имате во ликот на Кирил Трендафилов Нанче, изјави кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, при денешното официјализирање на соработката со ВМРО НП.

Ohridnews