ВМРО – Народна партија бара одговор од Министерството за култура зошто во Охрид се уште не се отворени продавниците за македонски сувенири,поставени на кејот покрај Охридското езеро и на плоштадот кај чинарот.

– Дали можеби се чека, и така малиот број туристи да си заминат па министерката Елизабета Канчевска – Милеска, свечено со сечење лента да ги отвори. Исто така, сакаме да добиеме одговор, зошто овие објекти во Охрид не беа изградени во форма на стари охридски куќарки што би биле автентични за градот, прашуваат од општинската ВМРО- Народна партија.

Оттаму додаваат дека како многу пати до сега, така и овој пат се покажало дека активностите се извршуваат во погрешно време, односно предоцна.

– Овие продавници на Охрид му се потребни во лето.  Туристите се оние кои дома треба да понесат сувенир што ќе ги потсеќа на посетата на нашата држава. Во зима, тешко дека некој би влегол во нив, велат од ВМРО-НП.