Од општинската ВМРО- Народна партија тврдат дека вработените во Историскиот архив во Охрид деновиве се на принуден одмор, како што наведуваат, поради недостигот на нафта.

Го повикуваат портпаролот на ВМРО- ДПМНЕ во Охрид, Никола Митровиќ, јавно да се произнесе околу состојбата во Историскиот архив во Охрид како вработен во него.

– Зошто сега не излезе на прес – конференција и да им објасни на граѓаните зошто оваа државна институција не е во функционалност. Се почестите препреки во функционирањето на државните институции е резултат на неспособноста во работењето на оваа Влада. Буџетот за 2012 година е донесен, а пари за нормално секојдневно работење на институциите нема, велат од општинската ВМРО-НП.

OhridNews