По повод празникот 8 март – Денот на жената, дел од учениците и професорите од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид во рамките на проектот „Да подадеме рака“, ги посетија старите и изнемоштени лица во ЈЗУ „Општа Болница“ – Охрид, Одделението за геријатрија.

 Специјално за оваа пригода за згрижените стари лица учениците и професорите подготвија различни видови колачи и кифли.

Учениците од „Ванчо Питошески“ денеска се дружеа и со членовите на Здружението на пензионери од Охрид кои, исто така, беа почестени со десертни колачи.

 Проектот „Да подадеме рака“, започна со реализација во тековната учебна година, а од ОУТУ „Ванчо Питошески“ најавуваат дека ваквите активности ќе продолжат и во иднина.

OhridNews