Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива забавено во зимски услови по претежно чисти но влажни коловози во пониските делови, и со остатоци од кашаст снег на повисоките места и планинските превои. Поради ниските температури во текот на ноќва се очекува и појава на голомразица.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има само на патниот правец Дебар – Струга, информираат од АМСМ.

OhridNews