Македонија денеска ќе биде зафатена од жежок пустински бран од Африка, кој ќе биде проследен со високи температури кои на југот од земјата ќе се искачат над 40-от степен Целзиусов, а висок ќе биде и УВ индексот на зрачење.
Во Охридско – струшкиот регион ќе преовладува сончево и топло време, а максималната дневна температура ќе достигне подносливи +32 степени.
Сончево и многу топло време со високи дневни температури ќе преовладува во наредните десет дена, а најтопли ќе бидат следните три. Поради тоа на граѓаните им се препорачува да бидат крајно внимателни и да избегнуваат какви било напорни активности вклучувајќи спорт и рекреација за време на најжешкиот период на денот.
Во текот на топлите денови останете повеќе во затворени простории, пред се климатизирани, а доколку излегувањето на отворено е неопходност, да се носи светла и лесна облека, како и заштитни очила и капа, советуваат лекарите. Се препорачува да се внесува големо количество течности почнувајќи од обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолните пијалаци, а хронично болните треба редовно да ја примаат терапијата препишана од доктор.
Во овој период треба да се избегнуваат алкохолни и пијалаци кои содржат кофеин како и екстремно ладни пијалаци и да не се јаде масна храна.
Охриѓани и гостите спас од високите температури наоѓаат во Охридското Езеро Сместено на близи 700 метри надморска височина помеѓу планините Галичица и Јабланица, ова природно езеро со исклучителна ...
Викендов на подрачјето на СВР Охрид при сообраќајни контроли во патниот сообраќај затекнати биле возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол: Охрид-05, Струга-01, Кичево-03, Дебар-0...
Шеста вечер на „Summer Comedy Marathon“ го донесе шоуто „BEST OF STAND UP! – Најдоброто од најдобрите!“ Никола Тодороски, Никола „Братучед“ Сиљаноски и Зоран Донев со проверени хитови, омилен...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.