Македонија денеска ќе биде зафатена од жежок пустински бран од Африка, кој ќе биде проследен со високи температури кои на југот од земјата ќе се искачат над 40-от степен Целзиусов, а висок ќе биде и УВ индексот на зрачење.
Во Охридско – струшкиот регион ќе преовладува сончево и топло време, а максималната дневна температура ќе достигне подносливи +32 степени.
Сончево и многу топло време со високи дневни температури ќе преовладува во наредните десет дена, а најтопли ќе бидат следните три. Поради тоа на граѓаните им се препорачува да бидат крајно внимателни и да избегнуваат какви било напорни активности вклучувајќи спорт и рекреација за време на најжешкиот период на денот.
Во овој период треба да се избегнуваат алкохолни и пијалаци кои содржат кофеин како и екстремно ладни пијалаци и да не се јаде масна храна.











