Сообраќајот се одвива непречено на сите магистрални и регионални патни правци, без забрани, застои и ограничувања.
Посебна внимателност се препорачува на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде има можност за појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.