Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози, онформираат од АМСМ.

Посебна внимателност се препорачува на на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.

На магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес се одвиваат работи на реконструкција на патот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews