Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по влажни коловози.

Посебна внимателност се препорачува на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде поради врнежите има почеста појава на одрони кои може дополнително да го попречат движењето на возачите.

Во тек се градежни работи на магистралниот пат М-1 – делница Катланово-Велес. Сообраќајот од две коловозни ленти се пренасочува во една. Периодично сообраќајот се одвива во левата, а потоа во десната коловозна лента.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ.

OhridNews