Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по местимично влажни коловози. На делниците низ клисурите и на повеќето мостови долж речните текови има појава на утринска магла и се препорачува прилагодена брзина на движење.

Посебна внимателност се препорачува на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде можна е појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите, информираат од Македонија пат.

Патниот правец R504 од Трпејца до Отешево во двата правца дозволен е
сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5
тони.

Во тек е рехабилитација на магистралниот пат М-1 – делница Катланово-Велес. Сообраќајот од две коловозни ленти се пренасочува во една. Периодично сообраќајот се одвива во левата, а потоа во десната коловозна лента. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Потсетување дека од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03 наредната година.

OhridNews