Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, a на некои повисоки места во североисточните и западните делови од државата со наместа остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонијапат.
Врнежи од снег со среден интензитет и засилен северен ветер се бележат на Попова Шапка, во Гостивар и на планинскиот превој Ѓавато, а со послаб интензитет во Маврово, Тетово, Крива Паланка, Страцин и на планинските превои Стража и Плетвар. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
OhridNews