Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно, без забрани, по суви и чисти коловози, информират од АМСМ.

Почеста е појавата на поситни одрони низ клисурите и планинските превои, каде препорачуваме внимателно возење, намалена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. На возачите им се препорачува внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација на патните правци каде се уште се изведуваат работи на пат.

Потсетуваме дека од 15.11.2011 на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15.03.2012 година, без оглед на моменталната временска состојба.

OhridNews